Затруени полицајци во Авганистан

Повеќе од 40 полицајци биле затруени во полициска академија во Авганистан, соопштија властите. Портпаролот на власта во провинцијата Хелманд рече дека полицајците добиле главоболки и почнале да повраќаат по појадокот денеска. Затруените се пренесени во воена болница. Еден полицаец е во тешка здравствена состојба, додека другите се опоравуваат. Истрагата за инцидентот е во тек.