ЕУ со осуда за соборувањето на турски авион

Министрите за надворешни работи од земјите членки на Европската унија го осудија соборувањето на турски борбен авион од страна на сиријските власти. Унијата и понатаму не планира воена интервенција во Сирија. „Тоа што се случи е многу сериозно, но сепак нема да правиме било какви интервенции“ изјави Холандскиот министер за надворешни работи Ури Розента. Неговиот германски колега Гуидо Вестервел исто така апелираше за смирување на тензиите. „Сметам дека е важно да продолжиме со работа за да се изнајде политичко решение“ рече министерот.