Талибанците убија 6 војници во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека над 100 талибански борци влегле од Авганистан и нападнале три воени позиции на пакистанската армија во Малаканд при што загинале најмалку 6 војници. При тоа во борбите биле убиени околу 11 милитанти. Овие напади се последни во серијата од регионите на источен Авганистан од каде започна повлекувањето на американските трупи.