Шефот на косовската дипломатија во Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Косово, Енвер Хоџај, денеска престојува во посета на Македонија каде ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов и од министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Се очекува, на средбите да бидат разменети мислења за повеќе билатерални прашања од интерес за двете земји, како и за состојбите во регионот.
Посебен акцент се очекува да биде ставен врз унапредување на економските односи, инфраструктурата, енергетиката и пограничната соработка.