ЕУ состанок за состојбата на Блискиот Исток

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат денеска во Луксембург. Според изјавата на британскиот државен секретар Вилијам Хејг, тие ќе дискутираат за ситуацијата во Сирија, како и за Египет и развојот во регионот по арапската пролет.
На дневен ред се и санкциите против Иран.
Оваа средба и претходни на состанокот на амбасадорите на НАТО кои по барање на Турција утре ќе разговараат за уривањето на турскиот воен авион од страна на Сирија.