Загриженост за безбедноста на докторот кој и помагал на ЦИА

Џамил Африди

Братот на пакистанскиот доктор кој наводно и помогна на ЦИА во пронаоѓањето на осама Бин Ладен вели дека Соединетите американски држави го посрамотиле Шакил Африди. Џамил во интервју за новинската агенција Ројтерс вели дека е загрижен за безбедноста на неговиот брат, кој е осуден на 33 години затвор под обвиненија за соработување со терористичката група Лашкар е Ислам. Подржувачите на Африди велат дека Шакил е зад решетки поради тоа што соработувал со американската разузнавачка служба.