Турција и Сирија - ново заострување на односите?

Премиерот на Турција Реџеп Ердоган и Претседателот Абдула Ѓул.

Дали уривањето на турскиот борбен авион дополнително ќе ги заостри односите меѓу Дамаск и Анкара?
Претседателот Абдула Ѓул изјави дека не е можно за Турција да го игнорира фактот дека Сирија урнала турски воен авион.
Можно е авионот да навлегол во сириски воздушен простор што се случува при големи брзини во граничните зони.
Абдула Ѓул, претседател на Турција.

„Можно е авионот да навлегол во сириски воздушен простор што се случува при големи брзини во граничните зони“, рекол Ѓул, според агенцијата Анадолија, која не пренесува кога е ова изјавено.

Тој изјавил и дека Анкара е во контакт со Дамаск.

Сирија претходно потврди дека го урнала турскиот воен авион, кој наводно го нарушил сирискиот воздушен простор. Преставник на сириската армија, како што јави САНА, навел дека неидентифукувано летало го нарушило воздушниот простор пред да биде стрелано врз него.

Тој изјави дека двете морнарици соработуваат во потрагата по пилотите.

Премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, пак, закажа итна седница на владата и воените власти. Ердоган изјави дека за било каква акција ќе се режи откако сите факти ќе бидат познати.

Турската армија не даде детали за мисијата на авионот.

Овој инцидент, најверојатно дополнително, ќе ги заостри односите меѓу Дамаск и Анкара која бара претседателот Башар ал Асад да ја напушти функцијата во екот на востанието против неговиот режим.