Одбраната бара Бреjвик да биде прогласен за ментално здрав

Андерс Бреjвик да биде прогласен за ментално здрав за да превземе одговорност за неговите постапки, бара одбраната на масовниот убиец, кој ги призна убиствата на 77 лица минатата година. Обвинителите бараат екстремистот да биде прогласен за луд. Адвокатите на самодекларираниот антимуслимански милитант, од друга страна, сметаат дека постапките на Бреjвик биле мотивирани од екстремистички предубедувања а не од агресивни нагони, поради што бараат обвинетиот да не биде испратен во ментална институција.Се очекува Бреjвик денеска да се обрати пред судот, на последниот ден од судскиот процес.