Најмалку 20 загинати во напад на хотел во Кабул

Најмалку 20 лица загинаа во речиси 12 часовниот напад на талибанските милитанти во хотел во Кабул. Претставници на полицијата изјавија дека 15 од загинатите се цивили. Сите четворица напаѓачи биле убиени. Милитантите, вооружени со автоматско оружје и ракетни гранати, влегле во хотелот крај езерото Карга при што задржале и заложници, од кој поголемиот дел биле ослободени по престрелката со полицијата. Талибанците соопштија дека нападот го извеле бидејќи богатите Aвганистанци и странски државјани таму организирале луди забави.