Кипар наскоро ќе побара европска помош?

Прашање на часови е кога Кипар ќе поднесе барање за помош од Европскиот фонд за финансиска стабилност, јавува кипарскиот весник „Филелефтерос“, наведувајќи дека конечната одлука за тоа ќе биде донесена на средба на претставници на кипарската Влада и на Централната банка на земјата. Состојбата на Кипар се влошува и во такви услови се очекува бонитетната агенција „Фич“ да го намали кредитниот рејтинг, пишува медиумот. Повикувајќи се извори во Владата во Никозија, „Филелефтерос“ наведува дека Кипар уште денска или утре, а најдоцна до понеделник или вторник ќе поднесе барање до Брисел за доделување на финансиска помош.