Самарас: целта е да ја извадиме земјата од криза

Новиот грчки премиер Андонис Самарас на првата седница на владата вети дека „примерната и ефикасна“ влада ќе ја изведе Грција од кризата. Тој најави дека неговата и платата на министрите ќе бидат намалени за 30 насто, а оти возниот парк ќе биде ограничен на неопходниот минимум.
Нашата цел е да ја извадиме земјата од криза, задржувајќи ја во европската орбита, рече Самарас, додавајќи дека очекува поддршка од сите партнери во земјата.