Во Пакистан се избира нов премиер

Махдум Шахабудин е најсериозен кандидат за нов премиер на Пакистан

Пакистанскиот парламент денеска треба да го избере новиот премиер на земјата, по неодамнешната одлука на Уставниот суд дека досегашниот премиер Јусуф Риза Гилани веќе не може да ја врши таа должност. Има пет кандидати за функцијата, а за најсериозен се смета оној на владејачката Пакистанска народна партија, министерот за текстил и индустрија Махдум Шахабудин, кој ја има и поддршката на претседателот Асиф Али Зердари.
Судот го разреши премиерот Гилани, откако претходно го осуди поради тоа што не го отвори случајот на корупција против претседателот Зердари.