Лавров потврди дека руски брод превезувал хеликоптери кон Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров потврди дека карго бродот кој беше вратен пред да стигне до Сирија носел борбени хеликоптери. „Алаед“ мораше да го смени курсот и да се врати кон Русија поради тоа што британска осигурителна компанија ја поништи полисата, бидејки транспортот на артилерија е во спротивност со политиката на фирмата. Лавров за „Ехо Мискви“ вели дека трите хеликоптери биле поправани во Русија, согласно договорот кој земјата го има склучено со Сирија во 2008 година. Министерот додаде дека на бродот се превезувала и опрема за воздушна одбрана, но не даде повеќе детали.