Пилотот на сиријскиот борбен авион бара азил во Јордан

Пилот на Сиријскиот борбен авион МиГ21, кој слета на воена база во Јордан побарал политички азил. Авионот слетал на базата во Мафрак во северот на земјата, во близина на сиријската граница. Сиријската државна телевизија јави дека властите во земјата изгубиле контакт со леталото кое било на тренинг мисија. Во меѓувреме, Сиријската обсерваторија за човекови права соопшти дека до сега повеќе од 15,000 лица загинале во конфликтот во земјата кој започна лани во март.