Аунг Сан Су Ки ќе се обрати пред британскиот парламент

Аунг Сан Су Ки, продемократскиот лидер од Мјанмар денеска ќе се обрати пред пратениците од британскиот парламент, можност која ретко им се дава на странски посетители. Су Ки е во четиридневна посета на Велика Британија, во рамките на нејзината прва посета на европските земји по 25 години, во екот на про-демократските реформи во Мјанмар. Добитникот на нобеловата награда долго време беше во домашен притвор во Мјанмар.