Ленка - измените во законот за вработување се неуставни

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА најостро се спротивставува на перфидната практика на Министерството за труд и социјална политика кое, како што се наведува во соопштението, секогаш во екот на летните жештини и годишни одмори, смислено пристапува кон драстично намалување на правата на невработените како најмаргинализирана општествена група. Во таа насока, Ленка ја известува јавноста дека последниот обид за измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност со кој се предвидува статистичко бришење на невработените лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на РМ во случај тие да одбијат
несоодветна работа е противуставен и во директна спротивност со чл. 32 од Уставот на РМ кој, покрај правото на работа, го гарантира и „слободниот избор на вработување“; како и со чл. 10 од УРМ кој изрично забранува „присилна работа“ Ленка најави дека ке го оспори законот пред Уставен Суд откако ќе влезе во сила.