Во Рио де Жанеиро се одржува Конференција за одржлив развој

Лидери од целиот свет учествуваат на тридневната Конференцијата на ОН за одржлив развој, која се одржува во Рио де Жанеиро. Во воведниот говор, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги повика светските лидери да се заложат за одржлив развој, предупредувајќи дека времето на планетата истекува. Тој ги повика официјалните лица да преземат активности за подобрување на животот на луѓето и за заштита на планетата. Аналитичарите сметаат дека, сепак, очекувањата од Конференцијата се мали, односно нема да се донесе никаков договор на кој би се обврзале земјите за заштита на животната средина. Протоколот од Кјото за емисиите на штетни гасови истекува оваа година.