Црвениот крст ќе евакуира цивили од Хомс

Црвениот крст соопшти дека нивни екипи се подготвени да влезат во сириски град Хомс кој се наоѓа под опсада и да ги евакуираат луѓето кои се заглавени и повредени. Во градот речиси две недели траат непрекинати борбите меѓу бунтовниците и силите лојални на претседателот Башар ал Асад. Меѓународниот комитет на Црвениот крст рече дека двете страни се согласиле на привремено примирје. За време на 15 месечните борби во Сирија, фокусот на насилствата е во Хомс.