Временска прогноза - сончево и многу топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 31 до 38 степени.
Во Скопје со температура до 36 степени. УВ-индексот и денеска ќе има висока вредност и ќе изнесува 9.

До сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со многу висока вредност на УВ-индексот. Промена на времето се очекува во недела кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени и ќе се движи од 28 до 36 степени.