Усвоен дополнетиот предлог закон за лустрација

Собранието на Република Македонија го усвои Дополнетиот предлог - закон за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, предложен од група пратеници. На почетокот на попладневното продолжение на седницата, Ивон Величковски од Либералната партија на Македонија изјави дека пратениците од опозицијата нема да учествуваат во гласањето на овој закон. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со завршувањето на овој процес во Македонија како земја која ја изгради својата независност, одвојувајќи се од стегите на комунистичкиот режим и еднопартизмот, државата ќе стане по демократско општество.