Црвениот крст преговара за евакуација на жителите на Хомс

Тимови од Меѓународниот комитет на Црвениот крст и сиријската Црвена полумесечина го посетиле сиријскиот град Хомс денеска, во обид да преговараат со владините сили и бунтовниците за евакуација на жителите. Комитетот соопшти дека се разговара за деталите за евакуирање на стотици цивили кои не можат да стигнат до областите за бегалци поради вооружените конфронтации меѓу двете страни.