Самарас е нов премиер на Грција

Лидерот на грчката конзерватива партија Нова Демократија Антонис Самарас ќе биде нов премиер на Грција, соопштија од кабинетот на претседателот на земјата. Самарас ќе биде на чело на новиот влади состав со задача за имплементација на мерките за штедење и извлекување на Грција од задолженост. Toj би требало и официјално да ја превземе функцијата по средбата со шефот на државата Карлос Папуљас. Претходно, Нова Демократија, партијата која освои мнозинство гласови на изборите во неделата, договори коалиција со ПАСОК и Декократската левица. Трите партии го подржуваат исполнувањето на обврските на Грција кон странските кредитори.