Двајца руски професори осудени за предавство

лансирање на ракета „Булава“

Судот во рускиот грас Санкт Петерсбург им изрече затворски казни на двајца професори од руската воена академија, обвинети за продажба на тајни информации за руската ракета „Булава“ на Кина. Јевгениј Афансајев и неговиот колега Светослав Бојшев добија 12 годишни затворски казни. Двајцата се изјаснија за невини. Обвинителството тврди дека информациите за ракетата биле продадени во 2009 година.