Асанж не е достапен за британската полиција

Британското министерство за надворешни работи соопшти дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е на дипломатска територија и не е достапен за полицијата, откако тој побарал азил во амбасадата на Еквадор во Лондон. Асанж се обидува да ја избегне екстрадикцијата во Шведска, каде што е обвинет за сексуално малтретирање. Еквадор соопшти дека го разгледува барањето на Асанж за азил.