Платини: Полска и Украина добри домаќини

Претседателот на УЕФА Мишел Платини им оддаде признание на Полска и на Украина за досегашното успешно организирање и спроведување на Европското првенство во фудбал. Платини изјави дека Полска и Украина, како домаќини, ги исполниле сите нивни обврски на високо ниво и оти нема никакви забелешки.