Путин против анти-ракетниот штит

Рускиот претседател Владимир Путин повтори дека Москва е против американските планови за анти-ракетен систем. Зборувајки на самитот на Г-20 во Мексико, Путин нагласи дека единствен начин за спроведување на проектот за анти-ракетен систем е преку заеднички подготовки и соработка меѓу Русија, Соединетите Држави и Европа. Според Вашингтон, анти-ракетниот систем е наменет за потенцијалните закани од Иран и не претставува никаков ризик за Русија.