Израелско - палестинска престрелка

Израелската армија соопшти дека изутрината извршила воздушен напад во Појасот Газа, откако претходно палестински милитанти истрелале 6 ракети врз јужен Израел. Нема извештаи за евентуални жртви. Според израелски извори, од вторникот, околу 50 ракети паднале на територијата на Израел.