Вензизелос: Влада до пладне

Единствено практично решение е ПАСОК, Нова демократија и Демократската левица да формираат влада до пладне, изјави синоќа лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос,по партискиот состанок во Атина. Во меѓувреме во Атина била одржана и средба на високи претставници на трите партии, јавува новинската агенција МИА каде што се разговарало за можни комбинации во новата влада. Венизелос изјави дека со неговата партија и понатаму ќе се борат Грција да продолжи со преговарате за мерки за штедење. Тој додаде дека и Сириза можела да биде вклучена, но го одбила тоа.