Еуро 2012: Најмногу приведени навивачи од Полска и Русија

Полицијата во Полска соопшти дека за време на одржувањето на „Еуро 2012“ најмногу биле приведувани државјани на Полска и Русија. Полскиот министер за внатрешни работи Јачек Цичоки рече дека до сега биле приведени 515 лица од кои 153 се странци. Од странците 92 приведени се од Русија. Повеќе од 100 лица биле приведени при тепачките меѓу послките и руските навивачи на 12 јуни.