Уапсени осомничени за бомбашки напад во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека двајца осомничени напаѓачи биле уапсени во врска со ланското бомбардирање на шиитска џамнија, инцидент во кој загинаа десетици верници во Кабул. Јавниот обвинител изјави дека нападот кој беше извршен во декември, го испланирале „регионални шпионски агенции“ во градот Пешавар а целта била предизвикување насилство. Наводно двајцата осомничени ги признале обвиненијата.