Врховниот суд му го прекина мандатот на пакистанскиот премиер

Пакистанскиот врховен суд пресудил дека Јосуф Раза Гилани не е способен за вршење на премиерската функција. Потегот следи по два месеци откако судот го обвини премиерот за непочитување на судски одлуки. Државната телевизија јави дека од претседателот Асиф Али Зардари било побарано да назначи нов претседател на владата. Во април судот го прозва премиерот Гилани за неуспех во превземање соодветни постапки во врска со судскиот процес против претседателот Зардари. Шефот на државата тогаш доби симболична казна по основ на обвиненија за корупција.