Забрзано до нова грчка влада

лидерот на Нова демократија Андонис Самарас

Лидерот на ПАСОК Евенгелос Венизелос и шефот на умерената левица Фотис Кувелис се договорија денеска да ја поедностават постапката за формирање нова коалициона влада во Грција. На чело на владата би бил лидерот на Нова демократија Андонис Самарас кој изрази надеж дека денеска и ќе успее да го состави неговиот кабинет. Самарас и Венизелос исто така се надеваат дека ќе го убедат Кувелис да учествува во создавањето нова влада. Тој вчера го обвини лидерот на крајнолевичарската Сириза Алексис Ципрас дека се однесува неодговорно.