Косово: фрлени бомби врз камп на КФОР

Брњак

Врз привремениот камп на КФОР на алтернативниот пат кај преминот Брњак на северот на Косово изутрината биле фрлени две рачни бомби, соопшти КФОР, додавајќи дека една од нив не експлодирала и оти на еден војник му бил оштетен слухот. Војниците на КФОР во минатата недела затворија еден алтернативен пат кон Србија кај преминот Брњак.