Нема напредок во преговорите меѓу Иран и светските сили?

Рускиот заменик-министер за надворешни работи вели дека ставовите на Иран и претставниците на светските сили тешко се усогласуваат на разговорите во Москва. Дводневните разговори во рускиот главен град следат по две непродуктивни рунди преговори во Истамбул и Багдад. Заменик-министерот Сергеи Рјабков рече дека два дена нема да бидат доволни. Портпарол на шефицата за надворешна политика на Европската унија Кетрин Ештон изјави дека Унијата нема намера да го задоволи клучното барање на официјален Техеран за укинување на забраната за увоз на иранска нафта, која стапува на сила на први јули.