Србија ќе биде домаќин на женското првенство во ракомет

Организацијата на женското Европско првенство во ракомет која ја откажа Холандија, ЕХФ денеска и ја додели на Србија, која во јануари годинава беше организатор и на машкиот еврошампионат. Терминот за женскиот континентален собир е од 4 до 16 декември годинава, а градови домаќини ќе бидат Белград, Ниш, Вршац и Нови Сад, истите во кои се одржуваа и натпреварите по групи на машкиот шампионат. Апликација за организација на првенството имаа доставено и Македонија, Хрватска, Данска, Исланд, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка и Шведска.