Путин во посета на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во официјална посета на Израел по што ќе ги посети и палестинските територии и Јордан идната недела. Лидерот ќе присуствува на откривање на споменик во чест на загинатите во Втората светска војна во градот Натанја во понеделник, по што ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Во Јордан Путин ќе разговара со кралот Абдула Втори за палестинските мировни напори.