Владин тим предводен од Груевски на бизнис форум во Русија

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски и владината делегација во чиј состав се министерот за финансии Зоран Ставрески, министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески ги претставија можностите за инвестирање во Македонија на средбата со претставници на компании од областа на туризмот во Москва. Според соопштението на владината прес-служба од двете страни бил изразен интерес за продолжување и продлабочување на контактите.
Владиниот тим денеска ќе учествува на бизнис форум, организиран од Трговско-индустриската Комора на Русија.