Путин со низа средби на Самитот на Г-20

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на Г-20 кој ќе се одржи на 18 и 19 јуни во Лос Кабос, Мексико планира да оствари осум билатерални средби, а ќе присуствува и на мини-самит на земјите од БРИКС. Според соопштението, Путин ќе разговара со со американскиот претседател Барак Обама за Иран и Сирија.
Тој ќе се сретне и со премиерите на Јапонија, Турција, Британија, Индија, како и со претседателот на Бразил, Индонезија и Мексико.