Напади врз цркви во Нигерија, 36 жртви

Експлозија на автомобил бомба во близина на црква во Нигерија

Властите од Нигерија соопштија дека во серија на самоубиствени напади чија цел биле цркви во северниот дел на земјата загинале најмалку 36 лица. Најмалку 16 лица загинале при нападите на три цркви, а десетици биле повредени. Подоцна за време на немирите во Кадуна загинале уште 20 лица.
Никој нема превземено одговорност за нападите кои често ги извршува исламистичката секта Боко Харам.