Грција: Сириза и Нова демократија во главната битка за гласови

Конзервативната Нова демократија ќе освои од 27,5 до 30,5 проценти од гласовите на изборите во Грција, додека нивните противници од левоориентираната Сириза може да добијат од 27 до 30 проценти, покажуваат анкетите за излезноста. Во анализите се претпоставува дека неонацистичката партија Златна Зора може да добие 6 отсто од гласовите. Лидерот на Сириза, 37 годишниот поранешен студентски активист Алексис Ципрас, рече дека договорот кој Грција го склучила со европските партнери ќе биде историја ако неговара партија добие мнозинство гласови. Тој пред гласачите тврди дека со Европа може да се договори нов план за спас на Грција без при тоа земјата да ја напушти Eврозоната. Лидерот на Нова демнократија Адонис Самарас исто така сака да се склучи нов договор, но не е толку екстремен во ставовите.