Нови напади во Сирија

Активисти тврдат дека власта во Сирија повторно го бомбардира градот Хомс. Сиријската обсерваторија за човекови права, базирана во Лондон, соопшти дека 1,000 семејства од населеното место морале да бидат евакуирани. Организацијата побара од Обединетите нации да интервенира во Хомс. Обсерваторијата исто така упати критики за набљудувачката мисија на светската организација, поради одлуката за суспендирање на мисијата. Опозицискиот Сиријски национален совет соопшти дека 30,000 војници го запоседнале Хомс и дека можно е да има масакар во градот.