Пожари во близина на Атина

Повеќе од 150 пожарникари и војници се ангажирани во гаснењето на пожарите кои избиваат во близина на Атина. Петмина пожарникари се повредени а грчките власти побарале помош од Италија, Франција и Хрватска за гаснење на огновите. Најголемиот пожар настанал на 50 километри од главниот град. Четири лица се уапсени за ненамерно предизвикување на пожари.