Претседателски избори во Египет

Жителите на Египет денеска ќе гласаат на вториот и последен ден од првите претседателски избори по отстпувањето на Хосни Мубарак во 2011 година. Во последниот круг се соочуваат кандидатот на муслиманското братство Мохамед Мурси и поранешниот премиер Ахмед Шафик. Мурси во предизборната кампања се заложи за економски просперитет на земјата, додека неговиот противник Шафик презентираше платформа за враќање на стабилноста во Египет.