Парламентарни избори во Франција

Гласачите во Франција излегуваат на последниот круг од парламентарните избори во земјата. Предизборните анкети им даваат предност на социјалистите од партијата на претседателот Франсоа Оланд. Според проценките пред гласањето, Социјалистичката партија може да освои од 287 до 330 пратенички места во Националниот парламент, додека сојузниците од партијата на зелените би освоиле 20 места. Анкетите претпоставуваат дека Националистичката партија на чело со Марин Ле Пен може да добие три места во парламентот.