Американско вселенско летало заврши тајна мисија

Од лансирањето на Х37Б

Безпилотно американско вселенско летало слета на аеродромот во воената база во Калифорнија во саботата, по комплетирање на тајна мисија. Спејс шатлот марка Х-37Б беше лансиран од Флорида во Март 2011 година. Според надлежните, целта на мисијата била да се тестира леталото но се шират шпекулации дека спејс шатлот носел товар. Најавено е лансирање на идентично летало подоцна годинава. Аналитичарите претпоставуваат дека леталото или доставува материјали до Меѓународната вселенска станица, или уништува сателити во орбитата.