Шпанија нема да ги спроведе препораките на ММФ

Шпанскиот премиер Мариано Рахој

Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека земјата нема да ги спроведе последните препораки на ММФ, меѓу кои и намалување на платата на државните службеници, бидејќи тие се необврзувачки.
ММФ е една од трите организации од кои Шпанија бараше проценка на состојбата на банкарскиот сектор пред да биде одреден конечниот износ на пакетот за помош од ЕУ за шпанските банки.