Папандреу-проевропска влада и е потребна на Грција

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу во интервју за британскиот весник „Гардијан“ изјави дека во неговата земја е неопходно да биде формирана проевропска влада.
Според него, проевропските партии можат да формираат стабилна коалиција и потоа да видат како да ги подобрат рестриктивните мерки. Папандреу смета дека по секоја цена треба да се продолжи со спасувачката програма за Атина од страна на ЕУ и ММФ.