Наредната недела средба Обама - Путин

Обама - Путин, јули 2009-та.


Сирија и Иран ќе бидат главните теми за кои ќе разговараат американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија Владимир Путин, кои ќе се состанат на маргините на самитот на Г-20 во понеделник во Мексико. Според Белата Куќа, двете држави имаат добра соработка во врска со Авганистан и Иран, но извесни несогласувања за Сирија. Ова ќе биде прва средба меѓу Обама и Путин откако рускиот претседател ја превзеде функцијата по трет пат.