Почна рестартирањето на нуклеарките во Јапонија

Јапонскиот премиер Јошико Нода денеска одобрил рестартирање на два нуклеарни реактора, што е за прв пат од земјотресот и цунамито во март 2011-та, кога беше предизвикана хаварија во нуклеарката Фукушима. По таа несреќа, сите 50 нуклеарни реактори во Јапонија беа затворени. Јапонскиот министер за трговија и индустрија, Јукио Едано изјави дека највисок приоритет е безбедноста, дека ќе биде потребно извесно време додека реакторите почнат да произведуваат енергија и затоа ги повика јапонците да продолжат со штедењето. Неколку стотици демонстранти се собраа денеска пред резиденцијата на премиерот Нода, протестирајки против рестартирањето на реакторите.