МВР ќе ги идентификува учесниците во инцидентот пред Советот на Скопје

Министерството за внатрешни работи добило судско барање да обезбеди видеоматеријал со кој ќе се идентификуваат лицата кои вчера учествуваа во инцидентот пред Советот на Град Скопје, за време на седницата за преименување улици во главниот град.
„Според пријавата, најверојатно се случило кривично дело“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.